Πέμπτη 21 Ιουλίου 2011

Никола Карев


Никола Карев е македонски револуционер, учесник во револуционерното движење, претседател на Крушевската република.
Никола Карев е роден во 1877 г. како четврто дете од петте деца на Јанаки Карев и Петкана Тотеска. Во 1892 г. тој бил принуден да го прекини школувањето и да учи столарски занает бидејки неговиот татко не можел да го носи целиот теовар за издржување на петдетното семејство. Во 1895 Карев заминува на печалба, прво работи како ѕидар а потоа станува столарски работник.Карев се враќа во родното Крушево и го продолжува своето образование. Во јуни 1900 г. бидејки го полага завршниот испит тој не учевствува на Првата социјалистичка конференција, но сепак тој ги прифаќа нивните одлуки. Во февруари 1901 г. социјалистите се примени во Организацијата а со тоа и Карев станува дел од таа Организација. Во Битола го завршува четврти клас во гимназија 1901/1902 г. и учителствува во селото Горно Дивјаци. Во јануари 1903г. застанува на чело на Крушевскиот револуционерен комитет, истата година во мај се одржал Смилевскиот конгрес, одржан е во селото Смилево. Сите селани добиле свои обврски четниците биле распоредени, деноноќно ја варделе целата околина а околу стотина вооружени смилевци биле во селото. На конгресот за претседател бил избран Даме Груев . Смилевскиот конгрес, конгрес на Битолскиот округ спрема решението од Солун ја потврдува одлуката за кревање на Илинденското востание.Бил избран главен Штаб со тројца рамноправни членови Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев, бил избран Востанички дисциплински устав, со кој се определувало правата и должностите на војсководците.Се предвидува формирање на чети од 30 до 50 души. Конгресот ја завршува својата работа на 7 мај 1903, на 27 јули кај селото Буф како ден за објавување на востаниет е определен 2 август, на 28 јули Штабот преку брзи курири испрака проглас за востанието. Ноќта на 2 август 1903г. го нападнале и ослободиле градот Крушево со околу 700 востаници. Била формирана Крушевската Република, таа била прва република на Балканскиот полуостров создадена за време на Илинденското востание. На 4 авгус во градот влегува Штабот , востаниците се добро пречекани од народот. На чело на Штабот соти Никола Карев. За претседателна републиката бил избран началникот на штабот на Крушевските вооружени сили Никола Карев. Отворени се работилници за произведување и поправање на оружјето, работниците од с. Селце изградиле и црешов топ но тој се распаднал уште од првото пукање, изработен е и друг топ но останал во рацете не турците кој го однеле како трофеј во Цариград. Мобилизирана е машката страна а штабот е зголемен за уште 1200 луѓе. Задачата на турците била да си го поврати Крушево и тоа му успевало со 18 000 војска. Дел од заштитниците на Крушево загинале на Мечкин Камен предводени од војводата Питу Гули. На 12 август 1903 е крајот на Крушевската Република. Откако градот повторно паѓа во турските раце тој се повлекува од Крушево. Заминува во Белград во ноември 1903г. Во Софија учевствува во формирање на Македонско-одринска социјалистичка група во 1905г. На 26 април 1905г. со својата чета тргнал на пат за Крушево. Преноќевале во селото Рајчани, тука се продадени и веднаш сардисани од турска војска. На 27 април 1905 кај местото Свиланово Никола Карев загинал

Tekstot e napisano od Sofija Blazevska  Bitola

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου